781_26_6_15__4_„Скршеното срце е добар знак. Тоа значи дека ние сме се обиделе да направиме нешто…“

Во моментите кога затаената заситеност го достигнува својот врв, очајот се поставува како највисока категорија на болката – во таквите моменти, се случува тешка бракоразводна парница, каде емоциите му отстапуваат место на егото, согласно среќата да и се плати нејобјавената книга на Лиз однапред. Одлуките донесени во таков момент, дефинитивно го менуваат курсот на живеење. Одлуки насочени кон географско уживање како своевидно жртвување на една година од животот за повисоки цели.

„Вие треба да научите како да ги бирате Вашите мисли на ист начин како што ја бирате Вашата облека секој ден. Ова е моќта која треба да ја негувате – ако сакате да имате контрола врз работите во Вашиот живот, тогаш работете на умот. Тоа е единственото нешто што треба да се контролира.“

Велат, најдобар начин да заборавите на секојдневните грижи е да се посветите на самите себе. По едно такво искуство како разводот, патување во сопствено друштво звучи добро. Стартувајќи со првото „И“ на нејзината турнеја за преболување, се упатува кон европскиот југ – восприемањето на земските задоволства, преку примамливата и никогаш одбиена италијанска кујна, младите и згодни Италијанци како и исфорсираниот шопинг поради нагло зголемување на тежината резултира со задоволен одраз во огледалото и напуштање на Италија за три месеци. Kако што Лиз вели – „можеби бев дебела жена, но бев среќна дебела“, во комбинација со почетнички научен италијански јазик. Следното И се случува на азискиот континент, каде се што се евидентираат нејзините први обиди за медитација, обиди да го замолчи умот прифаќајќи го неуморниот дух и давајќи му име Г-дин и Г-ѓа Празна воденица и трите деца Бла, Бла и Бла, обиди чиј финиш значи консензус на телото и душата во спиритуалната Индија. Со својот учител и својата нетрпеливост, Лиз се навикнува на самоконтрола каде што новостекнатиот мир ѝ годи. Упатувајќи се на последното И, Индонезија, под агол на Азија и Океанија, не е ни малку свесна дека ќе ја сретне вистинската љубов

„Некои денови се со цел да се паметат, додека други –  единствено да тежат.“

За едно нешто ќе Ви дадеме грант – емпатично ќе го искусите нејзиното мало туристичко уживање, базирајќи се на нејзината потрага по духовноста, мирот, среќата. Со примеси на духовито претставување на женскиот ум и однесување, Лиз ќе стане Ваша најдобра пријателка со која ќе ги делите и среќните и тажните моменти. Ќе јадете. ќе се молите и ќе уживате!

СПОДЕЛИ
Претходна објава“Summer Shine”- нова колекција на шминка од Dolce & Gabbana
Следна објаваИзложба на Советската космонаутика во Лондон
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ