Во Националниот месец на сладоледот, односно јули со одлики на екстремно лето – додека секој го наоѓа својот начин да се разлади, се запрашавме што ќе се случи доколку сладоледниот свет се судри со книжевниот… ќе добиете сопствени хибридни замрзнувачи на полици за книги, бидејќи Quirk Books подготви 5 вкусни и студени примероци! Симпатичен дизајн во еден стандард, со избор на наслови кои одговараат на сите генерации. Веќе проверени вкусови и комбинации, достапни визуелно во прилог, кои дополнително може да ги комбинирате со книжевниот избор на костими за капење.

1

Berry Potter and the Container of Secrets
Голема радост – внатре во овој сад ќе најдете магичен спој на путер и пиво, јагода и чоколадни жаби. Нема потреба да се меша мрачна магија…

2

A Clockwork Orange Creamsicle
Конекција помеѓу високо маслено млеко плус кора од портокал, толку вкусно што вознемирува.

3

Oliver Twist
Уживањето во овој микс на богато темно чоколадо и едноставен ванила вкус со тврд карамел ќе Ве натера да јадете и прекувремно, а можеби и да побарате уште.

5

War and Peach
Амбициозна, убедлива и беспрекорно детална замрзната комбинација со епски пропорции, со толку многу состојки на кои ќе заборавите додека уживате во содржината. Не е лесно да поминете низ овој вкус без доза на главоболка, а сеедно на крајот ќе се согласите дека класика си е класика.

6

Whirled War Z
Ништо не е надвор од границите за престојната зомби-апокалипса. Карамелни црви ползат низ вителот на ванила, чоколадо и јагода. Пазате се од случајното испукување цреши! Ќе сакате да го складирате ова чувство кога војната ќе заврши…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваEксплозија од бои | Patrice Murciano
Следна објаваСоздавајќи се себеси
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР