Обично се вели дека рекламата продава – безразлика дали се работи за добар или лош публицитет, битно е дека постои публицитет. Откако Ви прикажавме неколку примери на впечатливи кампањи за книги и откако востановивме дека Penguin Group на овој или на оној начин се’уште стои на рекламниот пиедестал, овој пат имаме нешто ново за споделување.

Обично се вели дека крајот на печатените книги е на повидок. Луѓето се помалку ги купуваат книгите во нивниот изворен облик и се пренасочуваат кон е-изданијата. Ако е така и ако е толку очигледно, тогаш новата рекламна кампања на Steimatzky, синџир на книжарници со седиште во Израел, е апсолутно фрлање пари во воздух.

1

Дали тоа навистина е така или не – останува да видиме, додека она што е сигурно е дека тие успеале да создадат крајно креативна реклама, каде нејзиниот наслов “The Right Book Will Always Keep You Company” имплицира што е акцент на истата. Читањето ја храни имагинацијата и тоа е факт. Визуелно се пренесува на тој начин што Вашите книги нема да Ве остават сами во сонот… зарем заборавивте дека библиофилите никогаш не одат во кревет сами?

2 3 4 5 6

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Романтични шорцеви
Следна објава6 мајмуни во кафез
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР