Имате многу обични маички, слободно време и голема креативост? Тогаш денешниот проект е за Вас. Време е да го искористите Вашето слободно време, правилно да ја насочите Вашата креативност и од Вашата обична маичка да создадете прекрасна маичка со машнички во позадина.

Потребно:

  • стара маичка;
  • друг материјал што одговара со бојата на маичката;
  • ножици;
  • игла и конец;
  • машина за шиење.

Најпрвин го отсекувате задниот дел на маичката. Во согласност со отсечениот дел, сечете од другиот материјал едно подолго и едно кратко парче, за да ги направите машничките (правите онолку колку што Ви се потребни). Потоа со игла и конец ги оформувате машничките. За крај со машината за шиење ја порабувате маичката и ги прикачувате машничките на соодветните места. И готово, можете да ја облечете Вашата нова штосна маичка.

1431435r

СПОДЕЛИ
Претходна објава„Непријатни години“ | Merilee Allred
Следна објаваЛетна куќа на Ибица
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР