01

Неодоливо атрактивна куќа која е идеално поставена, во мирен крај на островот, далеку од вревата, летната динамика и бурните деноноќни забави по кои е препознатлива популарната шпанска дестинација. Во опкружување на живописна природа и рајски плажи, оваа летна куќа зрачи и одвнатре и однадвор со својата убавина, комбинирајќи ги традиционалниот стил на градба карактеристичен за Ибица и модерниот дизајн на современите куќи на плажа, и е совршено катче за одмор и уживање во летото. Зад впечатливата бела фасада на куќата сместен е светол, нежен ентериер во кој доминираат морските мотиви и морнарските детали, деликатниот микс на сината, зелената боја и земјените тонови, чиј спој суптилно ја разигрува белината на ѕидовите, во просторот во кој продира многу природна светлина. Насекаде во домот се присутни допири од дрво и бамбус, надополнети со мноштво автентични декорации, кои го облагородуваат секој агол од внатрешноста, давајќи му чувство на топлина и пријатен амбиент на домот. Летната тема умешно се пресликува и на идиличната тераса, богата со детали и украси и расцуцетна во розова нијанса, со магични глетки на пејзажите од кои застанува здивот.

02

03

04

05

07

08

09

010

011

012

013

014

015

016

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Маичка со машнички на грбот
Следна објаваПовеќе од лек
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ