Петта авенија – Кендис Бушнел

Парите би требало да се забавни. Додека стабилната банкарска сметка, се чини, дава удобност или можност да се покажете во светло на дарежливост, оваа приказна на Бушнел, авторката која се прослави со „Сексот и градот“, се класифицира како модерна комедија на манири – низа забелешки врз основа материјализам, општествено издигнување, стилски снобизам,плус улогата на уметноста во општеството, а нејзе ја означува како остроумен набљудувач на модерниот живот на фамозната Петта Авенија.

„Парите ја следат уметноста. Парите го сакаат сето она што не може да го купат. Класа и талент. И запомнете, се’ додека постои талент за правење пари, мора да постои вистински талент да знаете како да ги потрошите.“

Заплетот во оваа динамична ода на Њујорк се случува во моментот кога Кралицата на Општеството умира, задавена со нејзината Хермес марама – се отвора простор за развој на опасна трка за нејзинот пентхаус апартман во Гринич Вилиџ, дефиниран во арт деко стил, совршено изведени скалила и историја на низа заведени љубовници. Се портретира цел мал соседски свет на опоненти, комплекс на ривалитетни карактери: од инфериорен уредник на списание (Минди), преку актерка на стара слава (Шифер) и добитник на Пулицер (Филип), се до геј-поддржувач на медиумската пишана Библија Вог (Били); на еден или на друг начин, апсолутно фокусирани на стекнување на благосостојбата наречена недвижен имот на врвот на зградата, се на се, седум илјади квадратни метри жед за слава. Децении по афирмираната глад за општествена важност и профитабилни бракови, барем во очите на јавноста, Бушнел потврдува дека работите воопшто не се промениле.

„Секогаш најпосакуваните работи на светот завршуваат кај оние луѓе што воопшто и не ги посакуваат…“

Акутно забележлива и безмислосно духовита, Петтата Авенија е приказна за старата цена и новиот сјај на парите. волшебен спектар на скриени намери, комплекс на намалена вредност и неминовна желба да се биде во центарот на вниманието, со претензија одржувањето на истата локација да се одвива концентрично и последователно. Ова е центарот на њујоршкото општество: општеството започнува тука и тука ќе заврши. Парите би требало да се забавни, а овој роман докажува дека тоа и не е баш така цвртсто тврдење…

 

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Убав, како тато
Следна објаваЕлизабетанската драма на McQueen
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР