1Периоди се тоа… знаеше да каже и да ја наведне главата и да си ги погледне своите извалкани чизми и да се насмее. Јас бев многу малечка и не можев да ја согледам динамиката во неговиот глас, дали тоа го кажува со иронија или пак треба да извлечам некоја си поука од сето тоа. Дете како дете, 10 годишно дете и што може да направи освен да праша:

– Какви периоди? … и сеуште го паметам одговорот, ми се чини дека и никогаш нема да го заборавам …

– Мало си ми ти … ми рече и ме погледна со далбоките  зеленкасти очи… мало си, но ќе сфатиш дека животот си го прави своето, секој си е со своето; но, за да рабереш мораш и да искусиш, тоа се тие периоди… Растеш, се менуваш, се’ ти изгледа лесно дофатливо, па посегнуваш, мислиш дека се што лета се јаде, ама не е мило така… тоа е периодот кога сфаќаш дека луѓето се сурови и дека се што можеш да направиш е да си внимаваш на она што е твое. Сфаќаш дека животот е суров, ќе ти се чини дека нема излез, но тоа не е оправдување да го одземеш она што ти е од Бога дадено, тој период е кога сфаќаш дека животот е еден и дека треба да го направиш најсреќен и да го живееш на свој начин… Растеш и создаваш семејство, ги избираш личностите во твојот живот, ти си сам свој мајстор, период кога живееш за да бидеш со саканите… потомството го создаваш и го ставаш на својот грб, за да го оставиш да чекори по прав пат, период кога живееш за најмилите твои Лично твои, нивната среќа е и твоја среќа… а потоа… и го почувствував трепетењето на неговиот глас, ме погледна и продолжи, но некако натажено и потивко…

– Потоа застануваш некаде и ја гледаш нивната среќа и живееш од тоа задоволен и не жалејќи што можеби утре патувањето ти завршува… И пак погледна надолу во своите стари чизми и не кажа веќе ниту еден збор, иако залудно го прашував – Кое патување?

Периоди се тоа … знаеше да рече, пораснав и сватив се што ми беше раскажувано. Можеби на секого животот му е различен но сепак, среќата е таа која е главната цел, радоста е мотивот, а љубовта – главната тема…

Матријалните работи и богатството се стекнуваат и се губат, и не можат да ги заменат овие три возвишени чувства… велам секогаш кога ќе ги погледнам старите валкани чизми кои сега веќе стојат необлечени во орманот… како спомен…

– Мери Нестороска

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУлична уметност со оригами | Mademoiselle Maurice
Следна објаваBack in The Day | Rok Predin
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР