Во насока да се напише анти-Ромео и Јулија приказна, каде семејствата се особено блиски пријатели (наместо смртни непријатели), каде љубовта меѓу нивните деца е форсирано спонтана (наместо епски длабока), авторката на „“Мојата сестра, мој чувар – Џоди Пико” повторно чепка во најдлабоките и најконтроверзните семејни врски: современ приказ на љубовта и пријателството, каде животот е апсолутно предвидлив и убав; се до моментот кога застрашувачката вистина ќе одѕвони во родителското уво… колку во суштина си ги познаваат сопствените деца?

Станувате семејство кога одреден период живеете во нечиј џеб, а истиот тој некој исто така престојува во Вашиот.

Цели 18 години Хартови и Голдови живееат врата до врата – делат се, од ручек до сипаници, од совети за растење дете до жалби и поплаки за бракот. Пико ја води ја приказната кон повисоко ниво: Крис Харт и Емили Голд, пораснати заедно, не претставува изненадување што нивното пријателство наследено од родителите прераснува во љубовна врска, на која и Харт и Голд навистина се радуваат. „Јас, хм, го имам овој проблем. Се скарав со моето момче, како што гледаш. И сега сум прилично вознемирена во врска со тоа, па би сакала да разговарам со мојот најдобар пријател. Проблемот е, хм, што тоа пак си ти, Крис“, тип на врска. Кога на полноќ на двете семејства им следува повик од болницата, ниту едното ниту другото не е спремно за ужасната вест… Емили е пронајдена мртва со прострелна рана во главата, со онесвестениот Крис до неа. И непотрошен куршум во пиштолот блиску до нив. Пиштол кој Крис скришно го зел од работната соба на татко си. Но, локалниот детектив се сомнева во тврдењето на избезумениот 18 годишник кој штотуку си ја изгуби девојката дека, всушност, се работи за самоубиствен пакт меѓу двајцата вљубени… Длабоките прашања со кои се соочуваат ликовите во овој срце-парателен роман чија срцевина е семејството, од аспект на тоа колку си ги познаваме пријателите, блиските, роднините; како што дејствието се расплетува, евидентно е балансирањето на идиличното минато со незамисливата сегашност. „Заедно“ е роман за дводимензионален семеен потрет кој е имун на бришење, чија кулминација се доживува кога на Крис му се суди за убиство на Емили.

Таа беше се што јас не бев… и јас бев сите тие нешта кои таа не беше. Таа можеше да создаде уметност со слободна рака, а јас бев неспособен да повлечам права линија. Неа не ја биваше за спорт, а јас отсекогаш бев премногу добар во тоа. Нејзината рака… ја комплетираше мојата“,

толку исти, а толку различни… толку различни, а сепак исти. А сега вечно разделени…

Успешна комбинација на правна и емоционална суштина, оваа психолошка драма ја истражува динамиката на интимните односи под дејство на стрес – од навидум, нејасниот ум на тинејџерите се до обврската за брак. Секојдневно поведение доведено до точка на драмска тензија за која гаранцијата за среќен крај е бездруго, заобиколена. Животот не пружа сонце секој ден… понекогаш само сервира студен мермер од надгробна плоча.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВтората генерација на Mitsuoka Galue
Следна објаваУлично волшепство
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР