Дали приказните од нашето минато може да станат дел од една одржлива иднина? Овозможено преку Ryan Jude Novelline, со фотографии на Greg Brown… Фустан изработен од отфрлени Golden Books за деца?

Новиот обид го позиционира Ryan Jude Novelline меѓу топ-класата на еко-дизајнери, каде креативноста и емпатијата за светот завршуваат огромна работа. Толку модерно, а толку бајковито – оваа вечерна тоалета која со себе ги влече импресиите на детството, а која е спремна да зачекори на некоја соврмена забава се чини дека нема потреба од добра вила. Ваквиот тип на мода е модерна верзија на отсекогаш посакуваното „и си живееја среќно до крајот на животот“. Со макотрпна изработка и чекори на рециклирање, се постигна вдахнување еден нов живот на вистинска бајка…

1
3

2

0

4

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГигантски канцелариски материјал | Radford Wallis
Следна објаваНебесна патека на Големиот Кањон
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР