Сопственичката на оваа бар-книжарница, Nicole Sullivan, ги отвори вратите на 4280 Tennyson Street, Berkeley која предходно била книжарница: отворена од 10 до 22 часот секој ден, со надеж да ги привлече вљубениците во книгите да се состанат со својот книжевен клуб и да се напијат чаша вино. Sullivan сонува за простор каде што читателите ќе се чувствуваат како дома – со неколку оброци на менито и повеќе избор на пијалоци, BookBar изобилува со стари и нови наслови со фокус на најактуелните и високо ценетите книги во книжевните кругови.

1

2

4

6

7

8

Декорот е едноставен, со високи дрвени тавани, темни полици и каучи каде пријатната атмосфера е надополнета со дрвениот под. Шанкот е десно во простор со мини-дневна соба од која се изделува мала затворена област. Неколку маси се декорирани со шишиња вино; додека лево има каучи и столчиња кои стојат на располагање за сите оние кои сакаат да читаат или да ги истражуваат полиците. Изборот на храна е фокусиран на предјадења – менито е организирано на начин како една книга – содржина, пролог и така натаму. Покрај тоа, постои посебно мени за децата.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОчите – „Сведоци“ за се што не опкружува
Следна објаваШармантен дом на Мајорка
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР