Најинтересните направи сам проекти кои веднаш ќе Ве испровоцираат да ги испробате најчесто вклучуваат потребни материјали кои веќе ги имате дома и кои се претставени во неколку едноставни чекори. Денешниот предлог всушност, можеби е наједноставниот пример што некогаш сме Ви го предложиле: да направите сами летна торба или летен фустан, од марама! Дали ќе одлучите да ги облечете на плажа или да ги зачините Вашите вечерни излегувања, тоа зависи само од Вас.

Потребно Ви е:
– марама
– слободно време
– вешти раце
– имагинација

Во прилог се прикачени три предлози од кои два се однесуваат на поголема и помала торба, а третиот предлог илустира неколку движења до летен фустан, прифатлив за плажа. Изберете поголема марама од свила, за поголем ефект. Следете ги илустрациите од десната страна на предлозите за да постигнете нови модни парчиња, кои ќе го обележат летото кое е пред нас.

1

2

3

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСтан од 35 метри квадратни
Следна објаваФилм: Изгубениот рај
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ