Ана и францускиот бакнеж – Стефани Перкинс

688_8_1_11__5__5_2015Дали е можно домот да се однесува на личност, а не на место?

Нетрпение да се почне последната година од средното образование во родната Атланта, каде животот на една девојка е исполнет со хонорарна работа, лојалност во најдобриот пријател кај кого постои тенденциозност да стане нешто повеќе – се случува Ана да е се’, освен возбудена возбудена околу нејзиното преместување за Франција, во еден интернат лоциран во Париз се’ додека не го запознае Етиен Сент Клер, совршен Парижанец чиј англиски акцент го прави неодолив до бесвест. Единствениот проблем е тоа што тој е веќе зафатен, а и таа речиси е во иста состојба околу врските. Адаптацијата поминува лесно, но компликациите се повеќе од неминовни.

Една од најквалитетните работи во овој лесен роман е ликот на Ана: прекрасно допадлива, се’ само не иритантна тинејџерка која е свесна за својата вредност, но не е имуна на шармот на Париз, отелотворен во Етиен – лик, кој неслучајно е создаден за читателките да се заљубат во него. Згоден, бистар и воодушевувачки шармантен. Познати параметри пред да се случи фамозниот француски бакнеж… и тоа, со чист припадник на француската нација? Зар постои поголемо уживање од ова?

Бавност на развојот на ситуацијата, пречки од трет човечки фактор кои ги забавуваат Ана и Етиен да си го дозволат себеси уживањето во меѓусебно друштво да се обелодени и унапреди кон уште поквалитетно посветување време. Oд една страна, тука е девојката на Етиен за која го врзуваат убави спомени, а од друга страна, тука е најдобриот пријател на Ана кој негува чувства кон неа веќе извесно време, и на кому Ана се чувствува дека му е должна од аспект на таа афекција. Типична женска недоумица: дали да се испушти шансата која се добива еднаш во животот со потенцијал да прерасне во уникатна романса која се памети цел живот или да се даде предност на сигурносната варијанта, која трпеливо и верно ја чека дома?

Зависноста од француската романса со белези на младост, елан, адреналин и мини-изненадувања е онаа што го држи читателот прилепен за страниците, принудувајќи го да бара повеќе и повеќе, да бара повисока доза на брзина за да Ана и Етиен би завршиле заедно во Париз. Но, женската психологија диктира поинакво темпо… враќањето дома за празниците, освен совршена домашна храна сервира неочекувани вести, предавства, но и нова перспектива за за она што е важно во животот.

Одликувајќи се со живописни дескрипции на француската култура, истористите локации и магијата на безвременскиот град, повеќеслојноста на кракатери чиј примат е евидентен во двајца млади чија љубов е движечка сила во романот, самиот динамичен наслов предизвикува прашања кои ќе резонираат со тинејџерите и спомени кои ќе ги разнежат возрасните – потрагата по доверба добива пролонгиран карактер чија реализација ретко кога може да се случи во најавата на созревањето.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајслаткиот миленик | Lennette Newell
Следна објаваПатуваме-Сонуваме, Калабрија
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ