Ви текнува ли на видеото „Книгите ги обединуваат луѓето“? Од истата организација, овој пат станува збор за нова иницијатива!

Мотивирање на децата, мешање имагинации, помагање да ја откријат радоста на поддршката за читање – Macy’s заедно со RIF (Reading Is Fundamental), креираат иницијатива во најголемата нација на светот, каде децата не ги уживаат истите привилегии со нивните врсници. Во 2012 година, со сума од 4 870 00 $ беа обезбедени 1 600 00 книги за RIF програмите на национално ниво. Оваа иницијатива е создадена со цел да помогне да се донираат 10 милиони книги во нивната 10та година од постоење. Со времетраење од 21ви јуни до 21ви јули, таа ветува голем одзив. Истата е достапна и преку социјалните мрежи, каде секој еден може да се стекне со можност да добие ваучер за книги кој би го искористил во било која продавница на Macy’s. Во прилог, следуваат нивните инспиративни постери.

1

Книгите се клучни за можноста да се запознаете со магичните светови. Но, за 2 од 3 деца кои живеат во сиромаштија во САД – тие немаат книги, немаат клучеви.

2

Страшен е фактот дека 2/3 од децата во семејствата со мали примања во САД немаат ниту една книга дома.

3

Книгите се магични – ги отвораат вратите кон нови светови за бегство на оние кои им е најмногу потребно.

4

Кога е последниот пат кога сте се изгубиле во книга? Замилисте свет во кој не постојат книгите. Тоа е реалност за милиони деца кои живеат во сиромаштија во САД.

5

Навиките траат цел живот. Но, 2 од 3 деца од сиромашните семејства во САД, немаат книга за да ја наречат „своја“ и немаат како да создадат навика за читање.

6

Децата ги сакаат кучињата. Тие исто така, ги сакаат книгите. Но, 2/3 од американските деца немаат ниту книга, ниту куче кои може да ги наречат „сопствени“.

7

Принцези, чудовишта, волшебници и змејови – секое дете заслужува да ја спознае авантурата во внатрешноста на една книга.

8

Помогнете им на децата без книги да ги истражат длабочините на океанот, да патуваат низ песоците на времето или да се чувствуваат како дома – особено, кога нивниот дом е далеку.

9

Се сеќавате ли на книгите кои не Ви дозволуваа да ги оставите? Замислете свет кај што не постојат книги за да уживате. За премногу сиромашни деца во САД, таквата фиктивна ситуација е всушност, реалност.

10

И поетските книги се совршен пат до мирот. Но, што ако тој пат не Ви е оставен на располагање?

Книгите ги поврзуваат животите и световите… помогнете сите заедно да бидеме дел од тоа врзување.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУрбана камуфлажа | Bence Bakonyi
Следна објаваФото на денот | Подготвени за зима..
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР