Можеби… сме осудени да ги сретнеме погрешните луѓе пред да ги сретнеме вистинските, за да знаеме да ја цениме нивната вредност.

Можеби… кога се затвора вратата на среќата, се отвора друга; но често ние гледаме толку долго во затворената врата, што воопшто не ја гледаме новата, која е отворена специјално за нас. 

Можеби… е вистина дека не знаеме што имаме додека не го изгубиме, но исто така е вистина дека не знаеме кој би ни недостасувал додека не си отиде.

Можеби… најсреќните луѓе го немаат најдоброто од сè; тие едноставно знаат да искористат максимум од сè што среќаваат на патот.

Можеби… светлата иднина секогаш се базира на добро заборавеното минато. На крајот на краиштата не можеме да продолжиме успешно со животот, додека не се ослободиме од минатите грешки, неуспеси и се она што ни создавало болка.

Можеби… мора да сонуваме за она што сакаме да го доживееме; да одиме таму каде што сакаме да одиме; да бидеме такви какви што сакаме да бидеме, бидејќи имаме само една шанса во овој живот да ги направиме сите нешта кои би го направиле нашиот живот вреден.

Можеби… има моменти во животот кога некој ни недостига – родител, брачен другар, пријател, дете – толку многу што сакаме да бидат во наша близина барем во соништата и да ги прегрнеме навистина; па кога тие се околу нас ги цениме повеќе.

Можеби… секогаш треба да се стремиме да се ставиме на местото на другиот. Ако чувствуваме дека нешто може да ни наштети, тоа веројатно би им наштетило и на другите луѓе. Дури кога ќе се ставиме во „туѓи чевли“, тогаш можеме да му судиме на сопственикот на тие чевли. 

Можеби… најдобар пријател е оној со кој можеш да седнеш на тремот, да седите заедно без да зборувате ништо и потоа да се разделите со чувството дека сте го имале најдобриот разговор во Вашиот живот.

Можеби… треба да се стремиме да правиме нешто убаво за некој друг секој ден, дури и кога е полесно да го оставиме сам.

Можеби… нема гаранции дека ако ја донирате на некого целата Ваша љубов, тој ќе Ви одговори на ист начин. Не очекувајте љубов во замена, само почекајте таа да порасне во неговото срце. Но дури и тоа да не се случи, бидете задоволни дека пораснала во Вашето.

Можеби… не треба да се стремиме кон убав изглед – тоа е минливо, кон големо богатство – тоа може да биде изгубено. Треба да се стремиме кон човек кој ќе знае да не насмее, бидејќи само една насмевка е доволна за среќа, а насмевката е вечна.

Можеби… треба да се надеваме да имаме доволно сила за да бидеме љубезни, да издржиме  на сите предизвици кои не прават силни, на сите страдања, за да го задржиме човечкото во себе и да не изгубиме надеж дека пак ќе бидеме среќни.

Можеби… треба да се трудиме да ги живееме нашите животи целосно, затоа што кога сме се родиле додека сите се смееле ние сме плачеле плашејќи се од непознатиот свет, но кога ќе умреме би требало да бидеме единствените кои ќе се насмеат, задоволни од животот кој го живееле.

Можеби… мора да ја испратиме оваа порака на луѓето кои ни значат; на оние кои допреле до нас; на оние кои можат да ни измамат насмевка и кога нема причина за тоа; на оние кои не тераат да гледаме на работите од најсветлата страна и на сите оние кои сакаме да знаат дека ги цениме нив и нивното пријателство.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСтатуата на Слободата во рекламите
Следна објаваИмате пошта | Norge fineste pakke
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР