Младински образовен форум, Радио МОФ и Скопско лето ве покануваат да бидете дел од „Мое Скопје“ – целовечерен настан проследен со неколку изложби и музика. Ја сакаме вашата визија за Скопје, такво какво што живее во вашата имагинација.

На повикот може да учествуваат сите заинтересирани млади уметници, креативци и активисти. Секој учесник може да испрати неограничен број на концепти, а најдобрите ќе бидат изложени во Сули ан на 13ти јули во склоп на Скопско лето 2013.

Можете да аплицирате за следниве категории:  

– Лично мое Скопје (преземи апликација)

Секој има своја лична приказна поврзана со Скопје. Испратете ни ваши предмети, слики, нешта кој ве поврзуваат со градот, со нив накратко објаснете ни ја вашата приказна.

 Скопје го градам (преземи апликација)

Разубави го Скопје. Имаш идеја за уметничка инсталација и желба за реализација. Ние ќе обезбедиме материјали за сите вас кои сакате да го направите главниот град поубав и поинтересен, а реализирани ќе бидат само надобрите концепти.

#моескопје

Скопје се почесто е присутно на Instagram. Користејки го хаштагот #моескопје споделете ја вашата фотографија од омилениот дел од главниот град. Да ја собереме најголемата база на слики. Најдобрите фотографии ќе бидат испечатени и изложени на изложбата.

Пополнете ја апликацијата за учество и пријавете ги вашите идеи и концепти на konkurs@radiomof.mk заедно со вашето име и презиме или псевдоним. Краен рок за пријавување е 4 јули 2013. Најдобрите дела кои ќе бидат избрани ќе бидат  ќе бидат дел од изложбата во Сули Ан како дел од програмата на Скопско лето 2013.

Изложбата ќе се одржи на 13 јули  во Сули Ан.
Настанот e поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество и ќе биде дел од програмата на Скопско лето 2013.

Повеќе информации на 02/3139692, info@radiomof.mk

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГутенберг во Вашиот дом
Следна објаваПронаоѓање на приказна во слика | Девојката со бисерна обетка
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР