Игривата и шармантна куќа која ви ја претставуваме во продолжение е лоцирана во сончевата Малага, Шпанија. Восхитува со кантри-шик уредувањето на ентериерот, а и со декорот кој го сочинуваат мноштво традиционални андалузиски и марокански детали. Ќе сретнете вистински раскош од егзотични и колоритни украси, искомбинирани во несекојдневно убав микс, што му дава на домот разиграност и атмосфера на среќа која се разлева низ секое катче. Прекрасно, зар не? Погледнете ги фотографиите и одберете ја омилената идеја.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРоденденот на Орвел | Front 404
Следна објаваНаправи сам | Украсна ламба
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ