Шпанија, Балеарски Острови, Мајорка. Звучи примамливо, зар не? Ве водиме на токму на оваа идилична локација, претставувајќи ви несекојдневно убава куќа која мами воздишки. Иако изостануваат глетките на морето, овој шармантен шпански дом лоциран во Санта Марија е толку топло и вкусно декориран, што најмногу привлекува и воодушевува токму со неверојатната внатрешност. Камената фасада на куќата наговестува и традиционален шпански ентериер, но, сепак, многу модерни елементи и погодности хармонично коегзистираат меѓу дрвените греди и грубите ѕидови. Со вкупна површина од 450 квадратни метри, меѓу другото, вклучува и пет спални соби, винарска визба и посебна гостинска куќа. Прекрасна летна инспирација!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВино и книги | BookBar, Berkeley
Следна објаваSeaDuctionFloat | Лежалка што плови
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР