Можеби сметате дека многуте објави, книги или совети од пријателите кои едноставно „Ви солат памет“ за подобрување на Вашиот живот се претерано клише, но знаете дека честопати во животот, Вашата среќа и благосостојба зависи единствено од самите Вас. Денес не се обидуваме да продаваме мудрост, туку Ве водиме кон 7 начини да си го подобрите расположението.

1. Допрете го небото.

Застанете мирно, поткренете се на прстите од нозете со рацете истегнати високо над главата и погледнете кон таванот. Оваа едноставна вежба ја подобрува циркулацијата во Вашето тело и многу брзо прави да почувствувате наплив на нова енергија. Насмејте се додека го правите ова, не затоа што ќе изгледате смешно пред другите – туку затоа што ќе активирате ослободување на низа хемикалии во мозокот кој ќе Ви го подобрат расположението.

2. Пренесете го „to-do“ во „done“.

Наместо да правите бесконечни листи што треба да направите во текот на денот, месецот, годината; обидете се да направите листа што досега сте направиле. Започнете со денес и почувствувајте дека исполнетоста и задоволството Ве следат во истиот момент штом ја запишете првата работа која што сте ја завршиле денес. Дури и миењето на садовите од ручекот се важи.

3. Користете ја Вашата фантазија.

По напорниот ден, ретко е некој да не си помисли дека заслужува одмор. Засмислете си дека се наоѓате на плажа, кафето Ве чека спремно а морето создава хармонична мелодија која Ви ги храни сите сетила. Вашиот мозок реагира на имагинарните нешта речиси исто како на реалните. Затворете ги очите и фокусирајте се на желбата – на изгледот, мирисот и леснотијата на Вашата избрана дестинација.

4. Внесувајте добри јаглехидрати.

За брзо да го подигнете нивото на серонтонин во организмот, внесете ужинка составена од богати јаглехидрати – јадете пуканки, пецива со мармалад или овесна каша со мед. Подгответе си сами и уживајте.

5. Облечете се весело.

И самите знаете дека доколку сте облечени во сиво или црно, автоматски се чувствувате деловно, одговорно и изморено. Облечете црвено, зелено или жолто и спознајте го спротивниот ефект! Истиот бездруго ќе се пренесе и во Вашата околина.

6. Пробајте акупресура.

Брз начин кој ќе Ви помогне да ги разрешите тензиите во Вашиот ум е да ги фатите сите поени на Вашето тело преку акупресура. Масажа на точката помеѓу палецот и показалецот, нежно со кружни движења на обете раце ќе Ве опушти и расположи. Загарантирано.

7. Избирајте ги зборовите.

„Ништо не оди по планот!“ или „Работите излегоа од контрола“ се реченици кои Ви се познати, а кои мора да ги исфрлите од употреба. Кога пречките надоаѓаат, себе-обвинувањето само ќе Ве одвлече до дното. Обидете се да ја замислите ситуацијата на еден поблаг начин – „работите понекогаш се добри, понекогаш не“ веќе звучи поубаво, нели?

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМајсторство на платно | Ricardo Sanz
Следна објаваШекспировата Војна на ѕвездите
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР