Вечерни излегувања, коктели и многу фотографии кои чекаат да бидат споделени по социјалните мрежи. Како да направите истите да бидат уште повпечатливи додавајќи им свој, личен печат? Многу пати досега сме си докажале дека суштината на убавиот изглед „не е да се има, туку да се умее“ – така и овој пат, нашиот Направи сам предлог е евтина варијанта на нова плик-чанта…

Потребно Ви е:
– стара платнена папка/чанта
– стара чипкана маичка/материјал
– ножици
– лепило
– игла и конец

Have-you-ever-dreamed-of-being-a-designer

И повторно, неколку едноставни чекори за неверојатен ефект: за големината и бојата повторно оставаме на Вас, додека чекорите визуелно Ви ги претставуваме во продолжение: пресечете ја маичката според големината на папката и зашијте ги рабовите. „Облечете“ ја папката со материјалот, а притоа ставете лепило по целата површина. Оставете да се исуши. Откако завршивте со тешкиот дел од проектот, повторно на Вас оставаме да одлучите дали дополнително ќе ја украсите со романтични привезоци, ремче во облик на ланче или некоја интересна апликација!

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТанц меѓу книгите | Rauner Special Collections Library
Следна објаваСтатуата на Слободата во рекламите
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР