Сезоната на долги прошетки, голи нозе и кафе за да се видите со пријатели (а патем и „за да бидете видени“) не може да помине незабележано. Можеби припадниците на посилниот пол ќе ни замерат зошто упорно објавуваме женски Направи сам проекти, но за ваков креативен подвиг и обата пола ќе бидат задоволни. Направете ги Вашите чекори по жешкиот асфалт повпечатливи, чекор по чекор…

Потребно Ви е:
– пар апостолки
– интересна марама
– ножици

Пресечете ја марамата на два дела. Свртете ја во облик на црево и протнете ја во делот на спојката на апостолките, за да ја зацврснете на истите. Почнете со мотање околу ремчето, се додека не стигнете да го покриете цело. Заврзете со мал чвор на краевите и остатокот од марамата свртете го околу петицата и заврзете ја на глуждот. Повторете ја постапката и со убаво да си ги носите Вашите нови сандали!

1

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРефлексивна топка во фотографија | Alexandre Bordereau
Следна објаваСендвич-книга | Pawel Piotrowski
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР