Си беше еднаш едно момче кое имаше навистина лош темперамент. Неговите родители во неможност да му помогнат, секој ден си го гледале чедото како се нервира и како не може да се справи со бесот, па за кратко време и двајцата беспомошно се навикнале на неговата психичка состојба. Вчудоневидени од негово однесување, луѓето почнале да зборуваат.. веста стигнала до сите, до општината, до свештеникот. Сите во обид да му помогнат на детето, давале свои совети – но, ниту еден од нив не го смирило неговиот темперамент.

Очаен, таткото се упатил кон селскиот врачар. Побарал од него лек за синот, но врачарот наместо да му даде комбинација од тревки или „бабини деветени“; го посоветувал да му даде чекан и шајки на момчето, за секој пат кога ќе го загуби трпението, да закова една шајка позади куќата.

Првиот ден, момчето заковало 37 шајки. Во наредните недели, постепено научило да си го контролира бесот, така што бројот на заковани шајки постепено опаѓал. Меѓу другото, момчето забележало дека многу полесно му е да се фокусира да закова шајка доколку се чувствува смирено. Конечно стигна денот кога момчето не закова ниту една шајка на ѕидот. Побрза да му каже на татко си со радост, при што татко му предложи секој ден да откова по една шајка, како продолжена вежба за контрола врз трпението.

Деновите минуваа, и младото момче конечно излезе да се пофали пред татко му дека сите шајки се отковани. Таткото го зеде за рака и го однесе позади куќата – „Секоја чест сине, ти навистина научи да завладееш со сопствениот темперамент наместо тој да владее со тебе. Но, погледни го ѕидот… погледни ги дупките на ѕидот, настанати поради закованите, па откованите шајки. Овој ѕид повеќе никогаш нема да биде ист. Кога ќе кажеш нешто во лутина, зборовите оставаат белег – токму како дупките на ѕидот!“

Може да прободете човек и да го извлечете ножот од него. Може да се извинувате милион пати – но, раната сепак ќе биде таму, на местото каде што сте го прободеле човекот. Осигурајте се дека го контролирате Вашиот темперамент пред нареден пат да кажете или направите нешто за кое ќе се каеете цел живот.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДрвени букви | Giulia Bortolotti & Lucio Leone
Следна објаваНеодоливо бело поткровје
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР