Одредени моменти во животот на секој поедниец се неминовни за да се меморираат со добра фотографија. Водени од љубовта и значајните моменти при започнување на заеднички живот меѓу двајца вљубени, фотографскиот тим Robert Paetz и Felicia Wong имаат развиено прекрасен систем на фотографирање под ѕвездите. Свршенички фотографии; љубов во комбинација со природата, под ѕвезденото небо е вистинска романтика.

Идејата се јавила кога една двојка ги побарала за да ги фотографираат во Joshua Tree, California во август на екстремно топло време, поради што наместо преку ден фотографирањето го направиле навечер. Така, сосем случајно ги направиле првите „астро свадбени фотографии“, како што ги нарекуваат тие.

Заедно со вљубените двојки Paetz и Wong патуваат далеку од светлата на градот, барајќи совршено место за документирање на највозвишеното чувство, љубовта.

21

22

23

24

25

28

29

30

СПОДЕЛИ
Претходна објаваLanvin балетанки | пролет/лето ’13
Следна објаваПорака во шише | Kirsten Lepore
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР