,,Оние кои го бараат рајот на земјата, треба да дојдат и да го видат Дубровник’’ – напишал познатиот ирски писател Џорџ Бернард Шо, импресиониран од својата посета на овој идиличен град. На самиот југ од Хрватска, на ртот на далматинскиот брег на Јадранското Море, распослан е прекрасниот Дубровникградот единствен по својата убавина. Додека морските бранови го заплискуваат неговиот брег, стариот град се извишува како скапоцен бисер заштитен од  масивните ѕидини, a зад нив – вистинско богатство од архитектонски зданија и уметнички дела, љубоморно чувани низ вековите од домашното население. Гордо носејќи го епитетот ,,Бисер на Јадранот’’, Дубровник мами туристи од целиот свет, со атрактивните локации долж брегот и островите, раскажувајќи им приказни и легенди ним, и на случајните патници, секогаш подготвен да ве поведе на магично патување низ минатото. Историјата е присутна во целиот град, кој истовремено е и музеј, и живописна сцена на која се пресретнуваат културното наследство и современиот живот. Секоја куќа и споменик имаат посебна вредност, опколени од монументалните ѕидини кои се сочувани во својот првобитен облик, и отворени за посетителите како најголема атракција на Дубровник. Шетајќи низ Страдун, или  тесните улички и плоштади, трагајќи по тајните на стариот град, вниманието го одвлекуваат мноштвото импресивни палати, древните манастири, цркви, книжарници, ризници, музеи и уметнички галерии, во градот кој негува традиција на одржување културни манифестации, музички, театарски и фолклорни спектакли во текот на целата година. Жичарницата повикува на возење до ридот Срѓ, од чија височина мамат воздишки спектакуларните глетки на градот и ривиерата, а традиционалните ресторани канат нагурманско уживање во некој од вкусните рибни специјалитети и сортните вина на јужна Далмација. Секогаш сончев и топол, со пријатна и блага медитеранска клима, Дубровник и зиме е расцутен во боите на розите, мимозите и темјанушките, а во раната пролет градот оживува во нијансите на ирисите, нарцисите и гераниумите. Низ воздухот се шири мирисот на ароматични билки, лаванда и рузмарин, а на брегот и островите распрснати се медитеранските зимзелени стебла, борови, чемпреси и плантажите со овошки, лозје и маслинки. Дубровник е одличен избор за оние кои трагаат по предизвици и активен одмор, со забава, рекреација, спорт и безброј други можности за уживање, достапни во текот на целата година, и несекојдневно убави златни плажи, хотели и атракции, за сечиј вкус. Градот, чија хармонија на вегетацијата, карпите и морето е насликана и опеана од перата на многубројни големи уметници, никого го остава рамнодушен со совршеноста на ремек делото на човекот и природата.

1

dubrovnik_1

3

521669_579859395367160_2141354638_n

289894

2

dubrovnik3b

palais_sponza

179099_689905407702406_1709756289_n

dub

dome_de_st_blaise

dsc_1951

fontaine_onifrio

peintures_de_dubrovnik

telepherique

dsc_9669

dsc_0273

banje2b

Banje Beach

dubrovnik-beach-23793

Lokrum3

boat_at_lokrum

99238

iles_elaphites

8

83985

7972975690_b30c41d90b_z

dubrovnik-stradun

p1120814-i

3aab77_e61fea8436119575039c1b5f8cf836a0.jpg_srz_1698_1131_85_22_0.50_1.20_0.00_jpg_srz

942664_597473866939046_1702304922_n

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРизница на знаења | Admont Benedictine Monastery
Следна објаваНајпосакуваните очила за сонце за ова лето
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР