Од своето основање во 1074 година, Admont Benedictine Monastery важи за репер во креирањето колекција на културни добра. Една од најмаркантните знаменитости на Австрија, и едно од најголемите доцна-барокни уметнички дела во Европа – не претерано, оваа библиотека е наречена осмото светско чудо, кон крајот на 19 век. Ризница на знаења, со примери за уметничкиот и историскиот развој на книгите во текот на вековите, оваа уметничка целина вметнува архитектура, фрески, скулптури, гротески, литература и се’ останато; споени заедно, како центар на историјата во развојот на бенедиктинскиот ред. Со должина од 70 метри, ширина од 14 метри и 11 метри во височина (12,7 метри во централната купола), оваа градба е најголемата манастирска библиотека во светот.

Историски книжевен споменик на културата, чие значење допира и надвор од Европа. Во библиотеката, во рамките на работното време, посетите се одвиваат без водич!

1

3

Admont Abbey Library, Austria

Admont Abbey Library, Austria

4

5

6

6

7

СПОДЕЛИ
Претходна објаваConverse All Star со Симпсонови
Следна објаваБисер на Јадранот | Дубровник, Хрватска
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР