Толку многу накит, а толку малку време… баш во моментот кога најмногу Ви треба, не можете да се сетите каде го оставивте по последното излегување? Денес Ви нудиме ретро кутија за накит, која е истовремено крајно елегантна и модерна, лесно вклоплива и навистина практична.

Потребно:

  • мала кутија од цврст картон
  • фотографија од Вашата омилена модна икона
  • ножици
  • лепило
  • четка за ефикасно нанесување на лепилото
  • малечки безбојни камења
1

Исечете ја фотографијата согласно величината на кутијата. Внимателно со четката нанесете лепило по целата површина на кутијата и откако ќе завршите со тој чекор, уште повнимателно поставете ја фотографијата, притоа поминувајќи врз неа со стисок. Оставете да се исуши. Во облик на рамка, едно по едно почнете да лепите од камењата. Откако ќе се исуши, можете да се пофалите со Вашата нова, единствена од својот вид, ретро-кутија за накит.

2

3

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВистински верник – Николас Спаркс
Следна објаваКако да нацрташ 3D Red Bull лименка
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ