1

Несекојдневно убавиот и идиличен дом воодушевува со деликатниот спој на есенцијата на розата и лавандата. Куќата за одмор е сместена во северниот крај Cantabria, а е некогашна стара и напуштена градба во која среќните соптственици се вљубиле многу години пред да ја откупат. Со помош на локалните дизајнери денес е претворена во идилично семејно катче за уживање во кое уживаат со нивните ќерки. Во куќата е воспоставен одличен баланс на традиционалните материјали, како дрво и камен, и индустриските материјали, како што се светилките и железните столбови вметнати во структурата на градбата. На тој начин, создадена е интересна комбинација на традиционалниот и модерниот дизајн во нејзиниот изглед. Инспирацијата за уредувањето на ентериерот, пак, потекнува од спектарот бои во кои се расцутени цвеќињата во градината, па како детали се нагласени во целиот дом. Светлината, јасноста и сензуалнoста на природата буквално царува во овој прекрасен кантри дом. Просторот е отворен и свеж, со пријатен, весел и релаксиран амбиент, за што најмногу придонесува изборот на светли и неутрални тонови на мебелот и ѕидовите, надополнети со цветните дезени и украсите во нежни нијанси, како и  свежите цветни аранжмани поставени како декор во сите соби. Со допирите од дрво и бамбус е постигнат исклучително топол и романтичен ефект, како во ентериерот, така и на  живописната рустикална тераса со бели хортензии. Преубава викенд инспирација!

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

18

15

16

17

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНаправи сам | Гламурозна висока пета
Следна објаваВизуелно патување во надреален свет | Hannah Chu
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР