Многу студии велат дека потсетувањето на убавите моменти во суштина, не прави исклучително среќни. Затоа, дозволете си да се запрашате… колку пати сте ја прочитале Вашата омилена книга? Еднаш, двапати? Девет пати? Новите истражувања покажуваат дека ре-читањето на одредени наслови кои Ви го загреале срцето и оставиле длабок впечаток врз Вас – истите оние кои практично Ве усреќиле додека сте ги читале, поради внесување надеж во Вашите животи и придонесување на утешен ефект на сметка на Вашето ментално здравје.

Имено, ова истражување е спроведено врз сите класификации на образование: почнувајќи од ученици до академици, спроведено во Нов Зеланд и САД; каде резултатите покажуваат дека повторувањето на искуството доведува до зголемено задоволство, подлабоко знаење и повисока свест. Студијата, исто така, стави акцент на повторно гледање на одредени филмови и повторна посета на омилени локации – поврзувајќи ги со повторно читање на една иста книга, како концепт на емоционално врзување, како потреба читателот да навлезе подлабоко во романот, истражувајќи ги нејзините слоеви и соживувајќи се со приказната. Наш совет е да размислите два пати пред да ја одложите прочитаната книга далеку од Вашиот вид за да фати прав… ако не ја подарувате никому, тогаш нека Ви биде на располагање за повторно читање: придобивките се наменети само за Вас!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Рефлексија на природата
Следна објаваТранспарентен велосипед
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР