Мал вовед за прекрасениот град Венеција… Изграден на 118 мали острови во устието на реката Бренте во венецијанскиот залив. Позната е и како „град на каналите“. Повеќе од илјада години Венеција била главен град на Венецијанската Република. Градот бил основан во 569 година кога група бегалци, за да се спасат од инвазијата на Лонгобардите, се населиле во крајбрежната област.

„Венеција е еднаква на јадење цела кутија чоколатчиња со ликер во еден здив.“ – Труман Капоти

Денес, Венеција е една од најважните туристички дестинации во светот, тој е еден од најголемите и најубавите градови на уметноста во светот, повеќе го сметаат за “жив музеј”. Во овој прекрасен град, постојат голем број атракции, дел од нив се базиликата: Свети Марко, Големиот канал и Плоштадот Свети Марко… Карневалот, Венецискиот филмски фестивал…

Венеција била средината или одбраната локација на голем број филмови, новели, песни и други културни референци. Градот беше особено популарнa средина зa неколку романи, есеи и други трудови од фантастична или реална литература. Примери за овие вклучуваат Шекспирoвите „Трговецот од Венеција’“ и „Отело“, Бен Џонсовиот „Volpone“, Волтерoвата „Кандид“, Казановата автобиографскa „Историја на мојот живот“, Ен Рајсовиот „Плачот на небото“, и Филип Солерсовиот „Watteau во Венеција“ и многу други. Градот исто така бил сет на бројни филмови и музички спотови, како на пример Џејмс Бонд сериите Од Русија со љубов, Moonraker, Tуристoт, Казино Ројал, Кетрин Хепберн во Лето, Смртта во Венеција, Фелинoвата Казанова, Индијана Џонс: Последната крстоносна војна, Mалa романсa, Италијанскa работа, Лара Крофт: Томб Рајдер, Siouxsie and the Banshees „Драга Пруденс“ и на Мадона „Like a virgin“ (песна).

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЗаштитници на архитектурата | Dasha Pliska
Следна објаваНауката потврдува: белетристиката е корисна
Пилотот кој раководи со летот кој ја открива креативната страна на животот е вечен поддржувач на широката палета уметности, со хиперактивен печат. Без ефект на изненадување поради уметничкиот допир од мали нозе и израснувањето во семејна атмосфера на вистински уметници прават од него модерен боем, шармантен екцентрик, вистински гурман, патувач и трагач по креативитет низ секој агол на планетата. Затекнат во маркетингот и односите со јавност, не успева да се оддели од креативниот максимум во секоја сфера на живеењето.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР