1_Casa da tataui

Ако најчест симбол за летото се топлите денови и жештината од силните сончеви зраци, тогаш атрактивната куќа Casa Tataui дизајнирана од португалската архитектка Vera Iachia би била идеално место за летно бегство. Создадена е за оддишка и релаксација во исклучително свеж, пријатен и суптилен амбиент. Целокупниот ентериер на летната куќа е смирен и минималистички, со доминација на природните материјали. Уредена е со допири од дрво, бамбус и камен, и сензуална комбинација на белата боја со светло сините тонови. На тој начин умешно е внесен духот на летото, но во неверојатно светло, нежно и чисто издание, во кое се вдишува свежина. Високите плафони и големите откриени прозорци овозможуваат продор на многу природна светлина во секој агол од просторот, надополнета од амбиенталниот ефект на дрвените апликации и панели во бели и кремасти нијанси. Умешно се интегрирани и модерни парчиња мебел и додатоци во бели и пастелни тонови, кои одлично се вклопени со дрвените дизајнирани декорации, во преубаво стилизирана целина. Колоритноста и поинтензивните бои се застапени само во минијатурни катчиња, внесувајќи разиграност во хармоничната белина на собите. Смирената нота и спојот на бои од внатрешноста е пресликан и во надворешното уредување, на пријатната тераса и мини фонтаната позиционирана на еден од ѕидовите од бело-сината фасада.

2_Casa da tataui

3_Casa da tataui

4_Casa da tataui

5_Casa da tataui

6_Casa da tataui

7_Casa da tataui

8_Casa da tataui

9_Casa da tataui (1)

10_Casa da tataui

11_Casa da tataui

12_Casa da tataui

13_Casa da tataui

14_Casa da tataui

15_Casa da tataui

16_Casa da tataui

17_Casa da tataui

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Шопинг во 1939 година
Следна објаваАвто-портрети на познатите писатели
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ