Еден ден кога се вратил од утринската прошетка, учителот ги затекнал своите ученици како се расправаат жестоко. Се изненадил и ги прашал за причината.
– Се расправаме учителе за тоа како да разликуваме добро од зло. Знаеме дека она што е добро за еден човек, може да е лошо за друг. Знаеме дека едно нешто може да е добро денес, а утре да е лошо. Како да ги познаеме тогаш? Како да ги разликуваме?

– Како и во секоја работа и тука има два начина. – Одговорил учителот. – Патот на Срцето и Патот на Разумот.

– А кој од нив да се избере учителе? – Прашале студентите.

Учителот се насмеал и ги замолил да ги затворат очите. Потоа ги замолил да посегнат со рацете напред и да проценат дали допираат нешто добро или лошо.

– Тоа е добро! – Одговориле во еден глас учениците. – Термички е меко и нежно.

– Сега отворете ги очите, погледнете и пак оценете.

– Но, тоа е кожа од тигар! – Викнале учениците. – Брутално суштество од џунглата. Носи страв и смрт. Тоа е лошо!

– Пред малку вие ги поминавте двата пата на познанието. Кога бевте со затворени очи, го следевте Патот на Срцето и згрешивте. Дури зад најпријатното чувство може да се крие Злото. Кога ги отворивте очите, го следевте Патот на Разумот и пак згрешивте. Бидејќи дури и во најжестоките суштества може да има нешто добро. За да се направи разлика, треба да поминете и по Патот на Срцето и по Патот на Разумот.

-Но учителе, човек не може да оди истовремено по два пата!

-Не можете и никој не може. Во животот на човекот има доволно време да се поминат и двата. Кога е млад брза и тргнува по Патот на Срцето, а кога ќе остарее му останува само Патот на Разумот. Затоа одете по патот кој е пред вас во моментов, но не заборавајте дека постои и друг.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСтарите книги околу врат
Следна објаваNikeiD & Liberty of London | Патики по свој вкус
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР