Robin Schwartz, фотограф од Њу Џерси, ужива во фотографирањето на неговата ќерка, Амелија, создавајќи серија фотографии насловени како „Светот на Амелија и животните“. Фотографирана со различни животни, домашни, диви, мали, големи… секоја фотографија сведочи на врската меѓу Амелија и животните. Таа чекори и лежи меѓу крволочни животни, со нејзиното детско срце успева да комуницира со животните. Кај неа не постои страв од било кое животно, и според Robin, тоа е причината за несекојдневната врска и љубов кон животните.

„Ја учевме Амелија да не се плаши од животни, животните се нејзини пријатели, тие се дел од нејзиниот свет и таа се чувствува удобно со нив… Таа мисли дека е тажно и бесмислено што другите деца и возрасните се плашат од животните.“

Многумина го критикуваат Robin што Амелија ја израснува во свет опкружен со вакви животни, бидејќи сметаат дека може да ја повредат. На тоа тој возвраќа: „Луѓето се тие од кого се плашам, тие се најсуровите и најопасните животни со кои се соочуваме. За да ја заштитам ќерка ми, ја учам да биде внимателна во светот на луѓето.“

Ако Ви се допадна оваа серија фотографии, погледнете ја и Могли од вистинскиот живот.

61

62

63

64

65

66

67

68

69

70

71

73

74

75

76

77

78

79

80

81

82

83

84

85

86

87

88

90

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако да го задржиш заинтересиран?
Следна објаваМоден тренд | Очила со огледални стакла
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР