„Време трансформирано во вселената“ – е реченица која го опишува Музејот на невиноста во Инстанбул, имено создаден под влијание на истоимениот роман на Орхан Памук. Имено, мај е периодот кога Музејот слави годишнина од своето постоење . Замислен како „збор по збор, ставка по ставка, слика по слика во долгорочен формат“, каде истиот е отворен четири години по објавувањето на славниот роман во 2008 година.

83 кабинети, по еден за секое поглавје од книгата – Орхан Памук ја купи куќата во Beyoglu областа и ја претвори во музеј, со поддршка на германски архитекти и странски фондации.

1

„Музејот на невиноста е изјава на љубов кон мојот Истамбул. Поради тоа што е местото каде што сум се родил и сум израснал. Не можам да си ја избегнам насмевката кога западните медиуми ме нарекуваат „писателот од Истанбул“. Навистина, сакам да пишувам за најубавите нешта во мојот живот, кои највеќе ги познавам и сакам. А едно од нив е Истамбул!“

– Орхан Памук

2

3

4

5

6

7

8
Во текот на 2012 година, 40 илјади луѓе го посетиле музејот, кој денес важи за највеќе споменуван турски музеј во светскиот печат. Покрај фактот што највеќе привлекува странски студенти и туристи, Музејот е атрактивен и за професионалците од областа на уметноста – уметници, куратори, менаџери и музеолози; кои дошле да ја искусат љубовната приказна, да ја запаметат и да го негуваат сеќавањето на еден изгубен град. Посетителите уживаат во сцените на Истанбул во колажи: стари турски филмови, пријатен слух на ферибот, отчукувања на часовникот, чекори на луѓето на тротоарот, детски џагор и музика од локалните таверни… се’ ова, околу самиот Музеј на невиноста, центарот на звуци и сцени во неповторливиот град.

9.

9

10

СПОДЕЛИ
Претходна објаваГрадот на светлината во црно – бело | Damien Vassart
Следна објаваЧетири видови пријатели
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР