Можеби последната насмевка ќе ѝ значеше најмногу на целиот свет и ќе ја чуваше и паметеше секогаш кога ќе посакаше да се почувствува како најсреќна личност… но, која насмевка? Што остави тој за да памети таа?
Низ улиците секое утро се влечкаше истиот старец, со седа коса и светло сини очи , со шеширот на глава и подвитканото дрвено бастумче… нејзиното утринско кафе секогаш го пиеше со погледот низ прозорецот во дворот, каде секогаш го забележуваше него, како седнува токму пред нивната зграда и се одмара. Така правеше секогаш, се одмараше од прошетката , ги истегнуваше нозете; но, сепак залутуваше со погледот некако тажно, некако залутано, со надеж дека нешто ќе најде… на крајот, замавнуваше, воздивнуваше и стануваше, продолжуваше со прошетката така носталгично и полека, како да не сака да си замине од местото.

Сето тоа ја замислуваше и ја будеше љубопитноста кај неа. Ниту го познаваше старецот, но сепак имаше некоја приказна во него. Таа не познаваше всушност, никого во маалото, но старецот со сините очи, можеби на момент ја потсетуваше на некого. Не чувствуваше ништо, но сепак нечија слика ѝ излегуваше пред очите кога го гледаше… и баш секој ден во исто време…

Веќе следното утро кафето го имаше испиено порано и чекаше само да го види неговото забавено движење, за да слезе пред зградата барем да го поздрави – сепак, со мала надеж да дознае за приказната не неговиот тажен поглед.

Добро утро, како сте? – веднаш упати кон него, само што излезе од влезот на зградата…
Добро утро ќерко, благодарам – добро е се трпи!
И молчење… ништо друго. А таа си стоеше пред него, собираше храброст да го праша, па пак ја губеше и се’ така одново…
Ве гледам… секој ден тука застанувате, баш во ова време... – изусти брзоплето. Неговата воздишка покажа дека сето тоа го погодува.
Да тука сум, одмарам од прошетката, малку да седнам, стари нозе , бараат  одмор… ех, јас на млади години колку сум трчал, и тоа по девојки хехехе… времето ќерко, времето си го прави своето. Ех само… – и замолче па пак онака длабоко воздивна.
А ти ќерко тука живееш?
Да да, тука сум сместена, студирам ... -одговори среќна што можеби ќе ја дознаеше неговата приказна.
Во оваа зграда значи…а кој стан ако смеам да прашам?…
Број 7 дедо … – и тој после слушањето на бројот ја наведна главата , стана да си оди и одговори…
Јас… имав многу работи во животот, но баш во тој влез, во станот кај што си ти, бр.7 оставив нешто што не успеав га го зачувам како мое. Можеш да љубиш многу ќерко, но сакаш само еднаш. И сите грешки тројно се наплаќаат кога ги правиш кон оној што цел живот ти значи. Остани ми паметна и се’ најубаво. Јас продолжувам понатака. Пријатно… – и заминуваше така, тетеравејќи се со бастумчето, а таа занемена одвај изговори: Догледање, се надевам ќе се видиме…

Цела недела замина, а таа одново и одново го гледаше старецот на истото место со заталкан поглед и тажна воздишка која стоеше и по неговото заминување. Едно утро, ја посети газдарицата на станот со својата ќерка, муабетот добро се одвиваше, испија кафе, состојбата беше во најдобар ред. И на крајот ги испрати до вратата и ги поздрави. Веднаш истрча до кујната да потсреди и случајно повторно го виде старецот како седи… на излегување газдарицата подзастана, го погледна и замина, но не му рече ништо… а тој изненадено ја гледаше како заминува, и повторно ја наведна главата. Таа му ја забележа збрчканата рака како минува под очите, и забележа дека ги брише солзите. Да, се’ беше и јасно тука… штотуку ја виде онаа која ја изгубил и бил осуден цел живот да не ја преболи.

И сега таа поврза, ги склопи коцките.. не беше случајно, како животна лекција да изгледа низ претстојните настани… се совпаднаа нечии сини очи, се совпадна нечија загуба. Но таа тивко си повтори во себе: „Морав понатака, правилно постапив, се’ ќе беше поинаку да можев да ја паметам неговата насмевка но, тој… не ја остави ни неа..!“

 

М.Н. (2011)

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИгра на тетовирани тронови
Следна објаваЕдиторијал | Физичко
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР