Со францускиот шарм во воздухот, звуците на саксофон кои допираат од околината и фасцинантните глетки на пурпурните зајдисонца, хотелот ,,Mandarin Oriental” нуди магично доживување на кое тешко може да се одолее. Лоциран е во срцето на Париз, на улицата Saint-Honoré, a во непосредна близина на музејот Лувр,  така што постојано е опкружен со случувањата од високата мода во најелитниот кварт на прекрасниот град. Хотелот е некогашна стара француска градба, денес претворена во вистински храм кој зрачи со својата безвременска софистицираност и стил, рефлектирајќи ги елеганцијата и шармот на 30-тите години во француската метропола. Располага со 138 делукс соби, 7 дуплекс апартмани и неверојатен кралски апартман со површина од 350 м2, сите со извонредни панорамски погледи на градот на светлината. Особено се издвојува живописната градина интегрирана во внатрешноста, со многу зеленило и пријатна тераса, издигната како вистинска оаза меѓу метежот и динамиката на урбаниот Париз. Ентериерот е уреден во модерен стил, со нежен и романтичен амбиент, светли и топли тонови, деликатно избран дизајниран мебел, меки материјали и луксузни драперии. Архитектот Jean-Michel Wilmotte и дизајнерката Sybille de Margerie инспирацијата ја црпат од Арт Деко движењето, париската мода, фотографиите на Man Ray и неговата муза Kiki de Montparnass, и суптилноста на златните години во Париз, симболизирани во просторот со префинетите женски силуети и пеперутки.

11

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПодготвени за пат | Матица & Лагуна
Следна објаваПролетни трендови за нокти
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ