1

Ви претставуваме вистинска куќа од соништата, која комплетно ги исполнува желбите на нејзините сопственици. Нивната желба била постојано да се во допир со природата, и секој миг да уживаат во домот, чувствувајќи ја радоста и убавината на природата во секое катче од него, подеднакво и внатре и надвор. Нивните хедонистички визии, поддржани од дизајнерската умешност на Carla Rotaeche и Ana Pardo од локалното студио R&S, резултираат со прекрасно здание за хармоничен семеен живот. Иако е во непосредна близина на урбаниот Мадрид, воодушевува со идиличниот природен амбиент, со ведрата енергија и раскошот од бои, со комфорот, како и топлината и свежината која се вдишува. Пријатните релаксирачки дразби за сетилата се вдахнати буквално во секој агол и простор. Во уредувањето на ентериерот доминираат суптилноста и смиреноста, преку мешавина на пастелни и неутрални тонови во собите, стилизирани со традиционални парчиња мебел, меки ткаенини, интересни текстури и дрвени допири. Акцентот  е ставен на цветните мотиви, интегрирани во ентериерот со флоралните дезени, апликации, тапети и декорации од живо цвеќе. Однадвор, пак, мамат воздишки атрактивната романтична градба со многубројни прозорци, деликатно уредената тераса со декор во интензивни бои, расцутената градина со зеленило, пространиот базен и преубавата орнаментална чешма. Одличен пример за спојот на архитектурата и природата во креирањето совршено место за живеење, со неверојатна естетика и функционалност. Погледнете ги фотографиите во продолжение и пронајдете ја омилената инспирација за вашиот дом.

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

СПОДЕЛИ
Претходна објаваРаботна кревет маса
Следна објава„Патување низ времето“ | Flora Borsi
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ