Обично се вели дека „да се биде машко е прашање на раѓање, да се биде маж е прашање на години, додека, да се биде кавалер – е прашање на избор. Десет принцови и десет примери зошто несовршеното е совршено, а зошто Disney е виновен за нереалните очекувања на девојките. Колку и да се инфериорни вистинските примери, токму меѓу нив се наоѓа Вашиот Prince Charming, по Ваша мерка и модерни стандарди. Што не значи дека тој нема маани!

Доблеста на модерниот Prince Charming се состои во тоа што ќе му бидете последната девојка на која мисли пред да заспие и првата на која ќе помисли штом се разбуди. И не само тоа, оној кој отворено Ви кажува дека сака да остари со Вас.

1 (1)

King Kusco

Не чека ред да седне на престолот бидејќи престолот му припаѓа откако е роден – не познава ништо помалку од сребрена лажичка, исполнување на секој можен каприц и секако, уживање принудна почит од истите оние кои не можат да го поднесат поради неговата самодоволност и супериорност. Од толку задоволство од самиот себе, не успева да се сети дека му е потребна девојка.
Но, која од нив е достојна да биде негова кралица? Која од нив е достојна да го носи товарот на златото и круната? Која од нив е доволно глупава да чекори низ животот со првокласен Нарцис и да има квази-свекрва? Дури и Disney направил исклучок во приказнава, учејќи го вредна лама-лекција.

1 (8)

Tarzan

Момчето од џунглата со чисто срце ги разбира законите на природата и живее во склад со неа. Изгледа прекрасно, се храни здраво и е бестрашен пред сите предизвици. Негативна страна му е што не знае како да се однесува со девојка – бидејќи, никогаш во својот живот не видел девојка. Иако Phil Collins пее во позадина.
Освен тоа, колку и да е наивно сладок со неговиот поинаков начин на живот, ќе признаеме дека Jane доживеа извесен срам кога го доведе во својот круг на пријатели поради неговото непознавање на друга култура. Или поим „култура“ воопшто. Како завршува оваа приказна? Или девојка заминува во неговата џунгла или никако.

1 (12)

Captain Phoebus

 Човек во униформа: повеќе од посакуван! Капетан на француската гарда во ренесансните времиња на Инквизицијата. Горд и посветен на својата работа, во повеќе секвенци се забележува неговата човечност и неприфаќање на апсурдните наредби на власта. Можеби и не толку посветен, колку морален.
Но… што правиме со маж кој не може да ја поднесе конкуренцијата, иако се работи за Ваш најдобар пријател? Што правиме со него кога тој го сака своето возило (т.е својот коњ) повеќе од Вас? Или, што правиме кога не го прифаќа Вашето милениче? Овие прашања лесно се решаваат во Нотр Дам, но не и денес.

1 (14)

Milo Thach

Неверојатно паметен и несвесно згоден – Milo е тип на маж кој се гордее со својот ум, но не и со својот сексипил. Лингвист и професор по археологија на прво место, а понатаму и се’ друго. Од научен аспект, краен реалист; од љубовен, ужасен игнорант. Особено кога пред негови очи е повеќе од очигледен шармот на Kida.
Човек кој пред Вас ја става работата и кој тргнува да ја открие Атлантида е сигурно сеуште неоженет. Во дополнение, ако сеуште ги користи своите очила за да ги протолкува записите во неговите книги – тогаш, уште долго ќе остане со истиот статус.

1 (16)

Prince Edward

Еден од посвежите примери за епската смисла на Prince Charming – совршен изглед и совршен.. изглед. Пронаоѓање на својата поубава половина и закажување венчавка веднаш утредента – за на местото на прославата, наместо Giselle да ја пронајде среќата од приказните, да заврши во Њујорк.
И додека таа се снаоѓа во ново-настанатата ситуација во најнепосредниот град на светот, тој патува да ја најде со верверичка која само тој ја разбира. Тука не изостанува фактот дека тој е претерано самоуверен во сите можни времиња. И кога ќе ја најде, не умее да сфати дека времето го менува текот на работите и дека срцето на Giselle одлучило поинаку. Сепак, не страда доволно долго бидејќи целта му е некого да однесе пред олтарот. 

1 (17)

Мааните на Prince Charming #2 https://www.divianarts.com/72328

Мааните на Prince Charming #1  https://www.divianarts.com/72318

 

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСлики од филмовите на Хичкок | Martin Sichetti
Следна објаваStradivarius | Син рај
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР