Судејќи по се’ поголемата свесност на женските хероини наспроти машките херои, се чини дека на денешните девојки не им е потребен репрезент на машкиот род за да се чувствуваат безбедни и сигурни. Но, тоа не значи дека порадо на крајот од денот би потонале во својата независност и осаменост, наместо да заспијат во прегратката на момчето. Откако ги погледнавме првите пет примери на проблематичните аспекти на Disney принцовите, во продолжение следуваат уште пет – совршено несовршени, поставени на тапет.

Не сите девојки сонуваат за Prince Charming & Happily ever after. Некои од нив само сакаат момче кое ќе биде покрај неа и ќе ги собори брановите кога дува ветерот, со неа.

1 (1)

Hercules

Несмасен убавец кој има проблем со контролирање на својата сила – од времето на неговите тренинзи, тој се убеди себеси дека е херој. Само секунда Herc, малку скромност нема да ти наштети! Meg самосвесно му кажува дека е дама во неволја, но дека може сама да се снајде. Изјава која не го спречува од обидот да биде херој во нејзините очи.
Во еден момент, тој толку се налути што практично го удри својот тренер и тргна да ја спаси девојката од светот на мртвите. Дали би го ценеле ова да го направи Вашето момче за Вас? Во реален живот, сигурно не. Сигурно не би се осмелиле да бидете во врска со некој што себеси се декларира како бог.

1 (15)

Prince Eric

Да претпоставиме дека прекрасна полугола девојка Ви го спасува животот и Вие сте практично фасцинирани од неа како личност, како појава. Но, од некоја необјаснива причина, таа не може да зборува. Но Вие сепак ѝ давате надеж со тоа што ја носите во Вашиот дом, вечерате со неа и ѝ го подарувате Вашето внимание. За на крајот, да ја извисите поради некоја слична на неа!
Типичен машки однос кон девојките кои им се нашле во небрано. Колку и да е Ariel каприциозна девојка која жртвува се’ за човекот на својот живот –  Eric е дефинитивно неблагодарен благородник, со сета иронија.

1 (5)

Prince Philip

Симпатичното момче кое доаѓа на Вашата крштевка се испоставува дека Ве следи во шумата, без да знае која сте. И без Вие да знаете кој е тој, бидејќи сте практично, странци. Ве шармира со тоа што ги завршува Вашите реченици и танцува како да е роден за тоа – при што, без оглед на тоа колку независна девојка сте, да станете зависни од неговото присуство.
Иако сте му ветена на Вашата крштевка, тој се враќа дома пред татко си, кралот, со изјава дека ќе ја жени мистериозната девојка од шумата иако е верен со друга; со аргумент кој гласи дека „веќе не сме XIV век“! Дали навистина би сакале Вашиот вереник да Ве извиси поради друга?

1 (6)

Li Shang

Војник, тренер, патриот. Вистински пасионер кој ги брани боите на својата држава и патем, ги охрабрува и другите да се активираат за повисока цел. Делчето од приказната кое недостасува е тоа што Shang не знае дека во неговите борбени линии се наоѓа девојка чие срце чука само за него.
Нареднички настроен критичар кој цели само кон најдоброто, без да забележи дека не може сите да бидат најдобри. Човек кој е спремен најпрвин да го даде животот за државата, наместо за девојката која ја сака. Заборавивме да споменеме дека кај него сите услуги се враќаат?

1 (7)

Peter Pan

Неверојатно снаодлив лидер во светот на соништата – вечен патувач и храбар авантурист кој со обете раце го прегрнува животот. Едно патување во Лондон прави срцето да му затрепери како никогаш предходно: Peter се заљубува во Wendy и ја води во Neverland како  своја придружничка.
Но, авантурата не е така едноставна… покрај фактот што Peter веќе има женска придружба, Tinkerbell на неговото рамо, тој не ги разбира соништата на Wendy и ја нарекува глупава бидејќи таа сака да порасне. Момче кое одбива да ја прифати зрелоста како природен тек на животот дефинитвно не е привлечен под никакви услови.

1 (10)

*Продолжува…

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕдиторијал | Viva la vida
Следна објаваПознати уметници фотографирани со нивните мачки
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

2 КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР