„Секоја жена која мисли дека е единствената жртва на насилство, мора да знае дека постојат и многу други.“

– Селма Хајек

1

Да му ја покажеме на целиот свет нашата солидарност, нашата заедничка моќ, нашата сила да кажеме „НЕ“ на насилството врз жената. Како би изгледало тоа? Како револуција! По втор пат ќе се обидеме сите да станеме дел од светот на малку поинаков начин! “Вагинални монолози“ на 29.04 во 20часот, на сцената на Универзална Сала.

Девојки и жени, аматерки и актерки , активистки и жени од јавниот живот во Македонија, предводени од VDay Maкедонија ќе споделат женски сведоштва за уникатни искуства со љубов, раѓање, секс, насилство, силување…
“Не можам веќе да бројам и да пребројувам. Време е да кажеме нова приказна. Тоа мора да е наша приказна, мора да биде смела и неочекувана. Мора да изгуби контрола. Мора да биде секси и да ги вклучува нашите колкови и стопала. Мора да биде бесна и малку страшна на начин на кој невремињата се страшни…
Скопје, пази вриштат!!! Нека не боли, треба да се смееме, да плачеме, да се згрозиме, да се гордееме, да се сетиме на сите нив … 1 милјарда силувани жени во светот се… заедно да се кренеме против насилство врз жената.

Цената е 200 денари, а картите може да се купат на сите продажни места на Купи карти за се, на билетарата на Универзална сала, како и преку оnline системот на Купи Карти за се. Настанот се одржува од хуманитарен аспект. Средствата добиени од продажбата на картите како и од спонзорстствата кои ни помогнаа за реализација на оваа престава ќе бидат донирани во Центарот за Кризи – НАДЕЖ. Покажете ја Вашата солидарност и бидете дел од чекорот за освестување, чекорот за новата приказна!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУметност и литература | Apartment F5
Следна објаваОткријте ја целата приказна | Shchusev State Museum of Architecture
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР