14Спојот на неспоивото и необичниот микс на стилови креираат комплетно нереална, оригинална и воодушевувачка визуелност во дом-студиото на шпанскиот фотограф Manolo Yllera во Мадрид. Целиот простор е комплетно отворен и наликува на поткровје, со носталгичен амбиент кој евоцира спомени на њујоршките станови од 80-тите, и ентериер кој е романтичен, елегантен и интимен. Tрадиционалното и класичното уредување, во допир со модерните и шик детали, му дава боемски шарм на целото опкружување, и создава хармонична фузија на навидум неспоивите стилови и детали. Белата боја е основата која доминира во студиото, давајќи му светлина и визуелно проширување на просторот, и одлично ги акцентира поставените парчиња мебел и опрема, кои се комбинација на индустриски материјали и ретро мебел. Дрвениот под, ѕидовите со груби завршетоци, високите плафони, реставрираните прозорци, надополнети се во уредувањето со многубројни винтиџ елементи, дизајнерски декорации и автентичен печат на фотографот.

01

02

03

04

05

06

07

08

09

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

22

23

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајубавиот град во Јужна Америка: Рио де Жанеиро
Следна објаваТанц со јас како бебе | Evian water
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ