Добриот филм зависи од многу носечки фактори, но фундементот за генијално филмско остварување лежи во односот  помеѓу режисерот и актерот во главниот лик на самиот филм.Режисерот индиректно се изразува преку актерот во носечката улога на филмот, и не случајно изборот на главната улога зборува многу за самиот режисер и неговата работа. Во филмската индустрија добрите режисери, вредни за одвојување суеверно на моменти интуитивно се вржуваат за одредени актери кои  воедно најдобро го презентираат тоа што самиот режисер сака да го пренесе преку филмот. Добриот актер/актeрка во добар филм станува синоним за самиот филм, а воедно и за творецот на филмот. Во продолжение ќе одвоиме најчести соработки на режисери со одредени актери/актерки.

1.Вуди Aлен и Дајан Китон

Top-Five-Woody-Allen-Films-6

Освен тоа што во секој филм во кој играат заедно се фантастичен тим,  добро е  познато дека Вуди Ален и Дајан Китон  симултано работеа заедно и беа во турбулентна љубовна врска. Нивната соработка започнува со снимањето на култниот  ,,Play It Again, Sam”  во 1972  година, по кој Дајан Китон и Вуди Ален започнуваат активна соработка како на службен, така и на приватен план. Иако нивната романса не завршува славно и никогаш не била врска со ,,холивудски карактер”, заедно ги остваруваат антологиските филмски дела на Ален, како што се : ,,Sleeper” (1973),  ,,Manhattan” (1979),  и се разбира фамозниот ,,Аnnie Hall” (1977),  кој воедно и го донесе првиот Оскар на Дајан Китон.

2.Тим Бартон и Џони Деп

tumblr_m9bukwQze01rsxg32o1_500

Соработката помеѓу двајцата ,,мрачни  момци” е толку константна и заразна, што при објавување на нов филм на Бартон нема потреба од прашањето: Кој е во главната улога? Деп и Бартон ја започнуваат соработката со снимањето на ,,Edward Scissorhands” (1990)  и оттогаш Деп е главната улога во скоро секој филм на Бартон, вклучувајќи ги  ,,Ed Wood” (1994), ,,Sleepy Hollow” (1999), ,,Charlie and Chocolate Factory” (2005), ,,Corpse Bride” (2005), ,,Sweeney Todd (2007)”, ,,Alice in Wonderland” (2010), Dark Shadows (2012) .

3.Педро Алмодовар и Пенелопе Круз

CruzAlmodovar

Неизмерно убавата Пенелопе и скокотливо контраверзниот Алмодовар  се пример за идеален однос режисер-актер, и  во филмската индустрија се добро познати по нивното  неверојатно пријателство. Нивното пријателство е добитна комбинација, бидејќи менторството на  Алмодовар и  овозможува на Круз  од анонимна шпанска убавица да стане  Холивудска божица со еден оскар зад себе, додека пак нејзиниот талент и убавина му ги отвараат Холивудските врати на Алмодовар. Соработката ја започнуваат со снимањето на култниот  ,,Todo sobre mi madre”.

4.Мартин Скорсезе и Леонардо Ди Каприо

Leonardo-DiCaprio-and-Martin-Scorsese

Сите кои го гледале Ди Каприо во ,,Кошаркарски Дневник’‘ и ,,Титаник” и подоцна во ,,Shutter Island’‘, можат да заклучат дека за неговата преобразба  од миленик на тинејџерките до почитуван талентиран актер е заслужен добар ментор и генијален режисер како што е Мартин Скорсезе.  Оваа соработка е уште еден класичен пример за одличен однос ментор-ученик  помеѓу ветеранот на филмската режија Мартин Скорсезе и Леонардо Ди каприо,  како одличен тим  заедно остваруваат култни филмски дела како што се  ,,The Aviator” (2004) , ,,The Departed” (2006)  и култниот   ,,Shutter Island” (2010).

НЕМА КОМЕНТАРИ