Вистинска револуција во издаваштвото преку директно финансирање на Вашите омилени автори: Unbound е нов начин на воспоставување контакт помеѓу авторите и читателите. Нов начин да се покренат авторите и читателите заедно – Unbound е местото каде што издавачите веруваат во влијанието на читателите, каде им се дава предност на нивните желби за тоа какви книги треба да се пишуваат и кои од нив треба да бидат издадени. Без посредници на пазарот. Само автори, читатели и големи идеи.

Процесот е своевидно комплексен затоа што потребно е Вашата идеја како читател да стигне до авторот, за подоцна истата да се процесира, а Вие да не бидете изоставени од реализацијата на проектот. На крајот, доаѓа вистинската возбуда: книгата е целно напишана, уредена и испечатена – и испратена на Ваша адреса, во ограничена едиција. За прв пат, Вие имате можност да држите во рацете книга која не би постоела без Вас.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБајка на дланка | Svetlana Kolosova
Следна објаваПреобразбата значи мода | Ирина Тошева
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР