„Моите музи сакаат да бидат забележани, шарени и свои. Ги провоцираат сетилата и кокетираат со околината. Само така можат да ја надминат масата и формата, за повторно да донесат радост и цветање.“

Ирина Тошева за својата Вила колекција, пролет/лето 2013

Во рамките на овогодинешниот FWSK, младата дизајнерка Ирина Тошева, а воедно и уредничка на категорија Мода при DA ја претстави својата дизајнерска визија како пат на природата и нејзината мистика, користејќи памук и свила за престојната сезона. На еден неконвенционален начин, каде боите, материјалите и моделите преставуваат своевиден медиум, моден израз на младоста, повторното раѓање и топлината. Ревијата на Ирина ги испровоцира сите сетила на софистицирано кокетен начин, придонесувајќи ефект на цветна бајка кај сите присутни.

1

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

*фотографиите се преземени од официјалната страна на Fashion Weekend Skopje (FWSK).

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСакате книги? Правец на Саем на книга!
Следна објаваНаправи сам | Цветни очила за сонце
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР