El Mac и Retna се улични уметници од Лос Анџелес, кои ги користат уличните ѕидови како платно за сликање на кое го создаваат своето дело. Каде и да одат, тие се обидуваат да направат нешто што би ја разбило градската монотонија и би ја отсликало заедницата. Со желба да се направи нешто позитивно, кое би им пружило уживање на луѓето, наоружани со визија и разни бои, тие заборавените ѕидови ги трансформираат во парче уметност. Тие ги комбинираат своите уметнички способности на специфичен начин: El Mac создава големи реалистични портрети, а Retna калиграфска обработка со четка и посебна декорација. Резултатот е зачудувачки улични дела кои се уникатни и препознатливи како нивни дела.

El Mac и Retna уживаат во уличното творење, тие се сметаат за уметници кои живеат во прегратките на градските улици и чувствуваат потреба да возвратат на тие прегратки. Погледнете го видеото и запознајте со нивната работа одблизу.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКамена колиба со ехо од океанот
Следна објаваМикс фотографии | Анета Иванова
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР