После пријателството претставено на фотографии од страна на Aja Sakai, меѓу мало момче и француски булдог, Ви претставуваме нова слична серија фотографии во која главната улога ја има мачето. Дело на фотографот Andy Prokh од Санкт Петербург, Русија. Фотографиите раскажуваат приказна за пријателството, врската меѓу Katherine, ќерката на Prokh и нејзиниот миленик, Lilu Blue Royal Lada, британска мачка со кратко влакно. И двете главни протагонисти од овие фотографии имаат големо количество на оригиналност што сјае преку секоја фотографија; меѓусебна игра, од свирење на музички инструмент, играње шах… Фотографии правени во текот на две – три години.

Денес, Katherine има четири ипол години, Lilu има шест. Prokh вели: „Мојата ќерка и Lilu растат заедно. Ми се допаѓа да ги фотографирам, бидејќи јас ги обожавам и двете, мојата принцеза и мојата најсакана мачка. Фотографиите се прекрасни, не поради мојата умешност, туку поради нивната поврзаност и мојата љубов кон нив.“

Мора да признаеме дека ова се фотографии кои ќе Ви го стоплат срцето и ќе ја потврдат нераскинливата врска меѓу децата и животните.

2

3

4

5

6

7

8

9

10

11

12

13

14

15

16

17

19

20

21

СПОДЕЛИ
Претходна објаваОгледала на животот | Beyonce & Pepsi
Следна објаваШармантно патување | Penguin English Library
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР