Никогаш не судете ѝ на книгата според нејзината филмска адаптација.

Тешко е да се каже дека адаптираните литературни достигнувања на големото платно како предизвик, историјата ги памети како неуспеси. Во поглед на ова, постојат две насоки на размислување: од една стра, читателите сакаат внимателно пресликување на содржината на екранот, прашувајќи се дали режисерот и сценаристот воопшто ја прочитале книгата и дали воопшто чувствуваат одговорност кон публиката. Од друга страна, постојат читатели кои едноставно сакаат да ја доживеат приказната преку глумци и сцена и доброволно прават отстапки во полза на комерцијализацијата, без да обвинуваат никого.

1

Но, реалноста е дека овие генерални насоки се одржани само теоретски, бидејќи и Вие самите би реагирале кога би станувало збор за некоја Ваша омилена книга. Да го земеме Хари Потер за пример: филмскиот пакет од 6 неверојатни проекти доживеа светска слава, иако истовремено се жртвуваше квалитетот на оригиналната публикувана приказна. А на пример, Игрите на гладните? Адаптацијата беше производ на главни исечоци кои погрешно ја доловија суштината на Сузан Колинс. Или можеби би сакале да поразговараме за безвременските Клетници, склопени во 157 минути музика? Иго мора да се превртува во гробот!

2

Лекцијата тука мора да биде очигледна – најголем дел од библиофилите се верни на книгата, со мали исклучоци на реално допаѓање на филмот. Заклучокот е повеќе од очигледен, најтешко од се’ е да се задоволат литературните апетити на пасионираните читатели во улога на вечни и немилосрдни критичари на било кој што седи во режисерската фотелја или било кој што шета со сценариото во рака. Оваа посесивност може да означува поени за љубителите на книгата, но истовремено може да повлече непотребно разочарување и огорченост. Бидејќи, додека некои адаптации може да бидат целосно промашување, некои може да бидат верно ехо на книгата со впечатлив квалитет кој ја дестилира суштината на приказната на еден естетски наративен начин.

1

Во обид да се разбере зошто луѓето, генерално гледано, се чини дека ја препочитаат книгата во однос на филмската верзија на приказната, настапуваме со оваа теорија:  Можеби ни се допаѓа она со кое прво сме се запознале. Што значи, како по правило, првин ја читаме книгата – па, го гледаме филмот (за да не си го уништиме задоволството). Еве како оди тоа: ја читате книгата, се воодушевувате на сопствената моќ на илустративна замисла на ликовите и локациите. Го гледате филмот и се разочарувате затоа што не е онаков каков што сте го замислиле!

Проблемот настапува кога оваа теорија не функционира vice versa. Ако првин го погледнете филмот, тогаш мора да го преферирате филмот… но, вие сепак останувате врзани со книгата поради нејзините дескрипции, богатство и магија. Како и да е, филмската индустрија никогаш нема во целост да излезе во пресрет на потребите и аспирациите на читателите, бидејќи по непишано правило – книгата секогаш, секогаш ќе биде подобра од филмот. Разумното решение е објективно да се доживеат и книгите и филмовите, за да уживањето биде загарантирано и во обете категории.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваПластична хирургија со исечоци од списанија
Следна објаваНаправи сам | Плетен колан
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР