Од 1967 година, 2 април – односно, роденденот на Ханс Кристијан Андерсен, се смета за меѓународен ден на детската литература (International Children Book Day), кој се слави за да ја инспирира љубовта кон читањето и да го сврти вниманието кон детските книги. Оваа иницијатива се должи на масовната одбивност кон детската литература која се применува во основните училишта, за да истата биде превентивно отстранета и модификувана во еден ефективен начин на примена со задоволство.

5

Секоја година, ICBD е спонзориран од различка земја-членка на International Board on Books for Young People, која одлучува за тема и ги кани авторите од истата земја да напишат порака до децата од целиот свет, каде патем се ангажираат и илустратори на постер-дизајни од земјата.  Бројните пораки во еден дизајн остануваат валидни во текот на целата година, се’ додека IBBYP не избере нова земја-домаќин на овој настан.

1

2

3

4

Децата од одамна негувале преференции кон квалитетните наслови – со водство на Малиот принц, од Патувањата на Гуливер, Робинсон Крусо, Хаклбери Фин, преку Матилда, Мери Попинс или Алиса во земјата на чудата, па се’ до поблиското минато на Хобитот, Хрониките на Нарнија и Хари Потер… се надоврзуваме на Ајнштајновата теорија за интелегенција:

„Ако сакате Вашите деца да бидат интелигентни, читајте им приказни. Ако сакате да бидат уште поинтелигентни, читајте им уште повеќе приказни.“

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Клуч
Следна објаваУметност со храна
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР