,,Disney’s Animal Kingdom Lodge” e луксузен хотелски комплекс дизајниран со намера да ги внесе посетителите во магијата на африканската древна цивилизација и воодушевувачките пејзажи на саваната. Дел е од тематскиот парк на Дизни во Флорида, и е дом на преку 30 различни видови диви животни и егзотични птици. 43 акри земјиште е претворено во вистинска оаза со животинско царство, овозможувајќи неверојатно доживување за посетителите. Хотелскиот комплекс има одличен дизајн, а архитектот Peter Dominick со соработниците, и во тој поглед целосно се придржува до африканската тема. Главното здание Jumbo House e aвтентична африканска градба со конусен кров,  масивен атриум со 4 различни приказни и огромен прозорец со поглед на една од саваните. Уреден е со сламен покрив, големи греди, рачно резбан мебел во златни тонови, вистински африкански артефакти и голем камин изработен од глина. Трпезаријата ги рефлектира топлите и променливи бои на зајдисонцето во Африка, а секоја хотелска соба е автентично уредена со еклектички мебел и уметнички дела од африкански сликари. Хотелот располага и со голем базен, тобоган, детски базен и џакузија, три различни ресторани, бар, спа и фитнес центар, и уште безброј можности за комплетно уживање за љубителите на егзотиката.

СПОДЕЛИ
Претходна објава„Заборавени места“ | Sven Fennema
Следна објава15 работи од кои треба да се откажете
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ