Како да се создаде модерен простор за читање кој го одзема здивот, а кој не се натпреварува со природните убавини на Пекинг? Да се изгради минималистички објект од стакло во облик на коцка, кој подоцна се покрива со бамбусови стапчиња е идеја и реализација на брилијантниот архитект Li Xiaodong Atelier. Поставена во малото село Jiaojiehe, Liyuan Library е околу два часа оддалечена од урбаниот Пекинг, сместена во еден неверојатен пошумен планински пејсаж.

1

Архитектот користи обични стапчиња за да создаде необичен изглед – како фасада врз стаклото, врз база на рекултивирани материјали: стапчињата биле пронајдени расфрлани низ селото, кои се користеле како материјал на печките за готвење. Внатрешноста од 175 квадратни е изградена со едноставни чекори, платформи и интергрирани полици за да се создаде посебна област на седење; додека светлината која наѕира преку стапчињата врз стаклото создава еден вонземски амбиент за читање.

3

2

4

5

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДамата и eднорогот – Трејси Шевалие
Следна објаваКритична маса #35: Скопје, што е со патеките?
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ