t0

Неверојатната природа и долговековната културна традиција се спојот кој ја издвојува Тоскана како една од најмагичните туристички дестинации во Европа. Распространет на површина од околу 23 илјади км2, и со популација од близу 3.7 милиони жители, овој живописен регион има сосема заслужена репутација како најубавото нешто што може да се искуси во Италија. Поделен е на девет провинции, меѓу кои  Фиренца, како главен град, а тука се и Пиза, Сиена, Лука, Арецо и Ливорно, но и примамливите помали градови и села лоцирани на ридските предели. Колоритните пејсажи на овие места оставаат впечаток дека на секој агол се кријат нови раскошни видици излезени како од разгледница. Многубројните лозја кои се наѕираат покрај камените патеки, ја откриваат тајната на квалитетното сортно вино, а локалните ресторани со рустикален декор мамат со вкусот на традиционалната италијанска кујна. Старите катедрали и историски музеи во поголемите градови, пак, сведочат за богатата традиција и историја на Тоскана, која важи за колевка на Ренесансата, и инспирација за безброј уметници, како во минатото, така и за современата култура. Во нив може да се сретнат изложени извонредни слики, скулптури, фрески и архитектонски ремек дела. Како финален детал кој ја збогатува и онака примамливата понуда, се убавите плажи долж брегот на Тиренското Море. Можностите се безбројни, и речиси е невозможно да се доживеат сите нешта одеднаш, но едно е сигурно – Тоскана е дестинација која заслужува да се најде на сечија туристичка мапа.

t1

t2

t3

t4

G08-475282

t6

t7

t8

t9

t10

t11

t12

t13

t14

t15

t16

t17

t18

t19

t20

t21

t22

t23

t24

t25

t26

t27

t28

t29

t30

СПОДЕЛИ
Претходна објаваХибридни слики | Cesar Santos
Следна објава„Заборавени места“ | Sven Fennema
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

1 коментар

Comments are closed.