Сенка на ветрот – Карлос Руиз Зафон

la_sombra_del_viento„Романите се одамна мртви и закопани…. Нема да има повеќе потреба од нив, од црквите, од културата.“

Легендата вели – секој што зачекорува на тајните Гробишта на заборавените книги, дозволено му е да понесе само една книга со себе и да ја заштити со својот живот. Преведена на повеќе од 40 јазици и во повеќе од 10 милиони копии, првично издадена во 2001 година во Шпанија – ,,Сенка на ветрот” e шпански роман и светски бестселер на писателот Карлос Руиз Зафон кој предизвикува огромен интерес кај неговата читателска публика. Со читање на содржината од насловната страница, тешко е да се оформи мислење за тоа што да очекувате од книгата. И навистина, дали може да се резимира 500 страници длабочина во 2-3 реченици?

Приказна која од самиот почеток Ве прави зависници од истата – приказна која Ви предлага да се изгубите по улиците на Барселона и да ја искусите метрополата позната како „разиграна девојка“ на еден апсолутно нов начин. Тоа по автоматизам повлекува создавање на пејзажи кои го илустрираат страдањето на главниот протагонист… на читателската радост, книгата е многу повеќе од паралела помеѓу времето во Барселона и менталната состојба на ликовите. Всушност, се работи за 50тите години на минатиот век каде Даниел, едно утро е поведен од својот татко на Гробиштата на заборавените книги и му дава право да избере само една од нив која ќе може да ја задржи и ќе треба да ја чува до крајот на животот. Даниел ја избира книгата „Сенка“ од Џулијан Каракс и истата ноќ ја чита, целосно обземен од нејзината содржина. Даниел се обидува да истражи за другите книги на овој непознат автор, но не може да најде ништо – се’ што дознава е дека овој човек се нарекува себеси латински Куберт, лик од книга, кој се случува да биде самиот Ѓавол. И дека практично не постои негово творештво некаде на светот, бидејќи некој систематски ги уништува неговите дела. И дека можеби Даниел го поседува единствениот примерок од книгата. Романот е во суштина, приказна во приказна. Кој е Даниел, а кој е Џулијан? Исполнета со неочекувани пресврти, повоена Барселона е носител на клучот за решавање на главната мистерија. Со елементи на трилер, акција и романса, секој еден од нив допрен од магија; без да се изостави елементот на изненадување. Како и низа шокантни, страшни сцени. Без патетика и клише, приказната е како создадена да влијае врз емоциите на читателот… реченици сами по себе се смеат, се плашат и дозволуваат да бидат цитирани.

„Судбината најчесто чека зад аголот. Како крадец, курва или продавач на лото: нејзините три најчести облици на инкарнација. Но, тие не одат во домашна посета. Што значи, мора сами да направите неколку чекори.“

Невината мисија во која што Даниел се впушта да ја разреши мистеријата, е всушност самата смрт завитката во мистерија: Сенката на ветрот е само алегорија на смртта во фиктивен роман кој го носи истиот наслов, со потпис на Џулијан, во соственост на Даниел. Сенката е совршен симбол за смртта евоцирајќи слики за истата во метафорична форма наместо буквалното сфаќање на сенките на живеењето, кои се поигруваат со сенките на соништата и се мешаат со сенките на другите, допуштајќи им на спомените да направаат сенка во сечиј живот. Секој од ликовите на Зафон има свои сенки. Во оваа смисла, смртта станува судбина која самите си ја бираме… но, истовремено, смртта не е најлошото што може да ни се случи, како што зборовите не се секогаш најлошата казна. Фиктивно ехо на животот со компаративна корелација на двата главни ликови, и пронаоѓање судбински редови во „Сенка на ветрот“ – „Нема случајности. Ние сме марионети на нашите потсвесни желби.“

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваУметност на бели чинии
Следна објаваЛето во сензуални бои
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ